СДСМ Охрид: Приведувањето на поранешниот градоначалник Александар Петрески, го нарече политичка хајка и пресметка со неистомислениците на власта
Општинската Организација на СДСМ од Охрид се огласи во врска полициската акција „Јагула“.Томислав Тунтев претседателот на О.О на СДСМ од Охрид на денешната прес конференција запраша дали ова е нов политички прогон со монтиран судски процес со кој се одвлекува вниманието на јавноста од секојдневните скандали и случувања кај нас?

„Изгубената доверба во судството, селективна правда, контролата на власта врз судството и политички притисок врз судиите, нотирани во Извештајот на ЕК, Извештајот на американскиот Стејт департмент и извештаите на други меѓународни организации, оставаат сомнеж дека и овој случај на приведувањето на поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески претставува политичка хајка и пресметка со неистомислениците на власта.
За потсетување, кога Петрески беше градоначалник на Охрид, локалната власт беше под силен притисок, постојана контрола и целосна блокада на работењето од страна на централната власт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ
Дали дополнително, Петрески е жртва и на фијаското на градоначалникот на Охрид, Бакрачевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој не може да ги реализира ветените проекти од неговата програма а ги задолжува охриѓани?“
Тунтев истакна деka „Од секогаш сме сакале да веруваме во институциите на системот и веруваме овојпат дека истражните органи ќе сеи ја завршат својата работа ќе излезат со соопштение и ќе видиме кој ќе е расплетот на овие настани и подоцна секако или на локално или на централно ниво СДСМ ќе излезе со партиски став.“
{loadposition content9}