Ракометарите на прием кај државниот врв
Македонската репрезентација претпладнево ќе биде примена од шефот на државата Бранко Црвенковски, по историскиот успех што го постигна на Светското првенство во Хрватска.
ракометари

Ракометарите се вратија во Македонија доцна синоќа, а голем број навивачи им приредија величествен дочек на скопскиот аеродром Александар Велики.
Прославата продолжи на централниот плоштад Македонија, по што ракометната репрезентација беше примена и од премиерот Никола Груевски.
Македонската репрезентација на ракометниот Мундијал, на кој се врати по пауза од десет години, го освои 11 место, а капитенот Кирил Лазаров стана најдобар стрелец во историјата на светските првенства.
Тој на деветте натпревари постигна вкупно 92 гола и го урна 14 години стариот рекорд што го држеше јужнокорејскиот ракометар Кјин-Шин Јун. Кореанецот на Мундијалот во 1995 година постигна 86 голови на девет меча.
„Среќен сум и горд што поставив нов рекорд, но, морам да им се заблагодарам на моите соиграчи на овој потфат. Без нивна помош тоа никогаш не би успеал“, изјави Лазаров.

{loadposition content9}