Општина Охрид: Тунтев да престане да лаже
Општина Охрид, има целосна доверба во органите кои се надлежни за разоткривање на евентуални криминални дејствија на поранешни функционери во општина Охрид и се оградува од секаков коментар додека трае постапката.
Во однос на делот во кој се споменува Градоначалникот Никола Бакрачески, Општина Охрид, го замолува првиот човек на локалниот огранок на СДСМ Томислав Тунтев, да престане да изнесува лаги и манипулации. Господине Тунтев, фактите кажуваат а и охриѓани знаат дека во периодот кога Вие бевте заменик градоначалник на општина Охрид, таа заедно со јавните претпријатија се стекнаа со долг од над 50 милиони евра, долг кој не го памети поновата историја на Европа за толку мал град како што е Охрид. Дали ова за вас е манипулација г-дин Тунтев?
Новата локална самоуправа предводена од градоначалникот Бакрачески не само што неправи нови туку ги плаќа долговите од Ваше време. За релативно краткиот период од една и пол година, локалната власт предводена од Бакрачески успеа да врати дури 4 милиони евра долг кој што вие го направивте. Дали е ова лага г- дине Тунтев?
Актуелната локална власт не само што не доживеала фиаско туку и со таква катастрофална финансиска состојба во која ја оставивте општината успеа за само една и пол година да реализира стотина проекти во делот на нови улици, тротоари, атмосферска канализација, фекална канализација. Отворивме нови градинки, успеавме да реконструираме школи и градинки. Градиме и реконструираме игралишта. Градиме и уредуваме плоштади секаде каде е тоа потребно. Охрид многу наскоро ќе го добие најсовременото игралиште за фудбал на вештачка трева. Во тек се уште многу проекти. Дали е ова лага г-дин Тунтев?
По сето ова запрашуваме: Дали денешната прес конференција на претседателот на ОО СДСМ Томислав Тунтев е обид преку изнесување небулози во негов стил, да се оправда пред охриѓани за злоделата кои му ги направи на Охрид?
{loadposition content9}