Skip to main content

Род Благоевич разрешен

Сенатот на сојузната американска држава Илиноис вчера го разреши Род Благоевич.

 |  Крсте Голабовски  | 
Rod Blagoevic
Род Благоевич
Сенатот на сојузната американска држава Илиноис вчера го разреши Род Благоевич од гувернерската функција поради злоупотреба на службената положба и обид за продажба на сенаторското место, ослободено по изборот на Барак Обама за претседател на САД.
Повеќе од две третини од вкупно 59 сенатори се изјасниле дека Благоевич е виновен, со што тој е ефективно сменет од функцијата гувернер на Илиноис.

Rod BlagoevicБлагоевич е првиот гувернер во историјата на Илиноис, кој е отповикан и сменет од функцијата.
Претходно тој побара од сенаторите на оваа американска држава да не го изгласуваат неговото разрешување.
Одлуката на Претставничкиот дом за разрешување на гувернерот, Благоевич ја нарече „политичка одмазда“.

 

 

 

{loadposition content9}