Skip to main content

Охридскиот градоначaлник во посета на Кина

Градоначалникот на Охрид Никола  Бакрачески е во неколкудневна  посета на Шенжен –Република  Кина.

 |  Голабовски Крсте  | 
Nikola Bakraceski
Никола Бакрачески

Nikola BakraceskiГрадоначалникот на Охрид Никола  Бакрачески е во неколкудневна  посета на Шенжен –Република  Кина, каде оствари работна  средба со делегација на регионалните власти, предводена од заменикот градоначалникот  на Шенжен,   Ву Јихуан, која воедно е  и шеф на Секторот за образование, култура, спорт и здравствена политика во локалниот Конгрес на провинцијата. На средбата  се разговараше за можностите за етаблирање на идна долгорочна соработка во делот на образованието преку размена на студенти и професорски кадар. Се разгледуваа и можностите за продолжување на  воспоставената соработка меѓу  Охрид и    Шенжен,  на полето на културата со  перманентно гостување на музичари, уметници  и артисти во двата града наизменично. Се разговараше и   за можностите за инвестирање во објекти за здравствен туризам на брегот од Охридското езеро.

Nikola BakraceskiГрадоначалникот Бакрачески ги запозна домаќините од Кина  со можностите што Владата на Република Македонија и Локалната самоуправа на Охрид ги нудат во делот на реализација на странски инвестиции посебно во делот на ИТ -технологиите, лесна незагадувачка индустрија и во делот на градба на луксузни хотелски комплекси. Во рамки на посетата,градоначалникот Бакрачески  од страна на директорот на одделот за јавна администрација  Лију Ју, беше запознаен  со начинот на работа на јавниот сервис и локалната администрација во Шенжен.
Градоначалникот  Бакрачески   заедно  со директорот на Бирото за меѓународна соработка  Фион Јанг, со директорот на секторот за надворешна размена на полето на културата ,  Динг Жо Џијан  и шефот на Бирото за туризам, Чен Бијао , имаше работен ручек   при што  се разговараше за можноста за привлекување на туристи од Република  Кина во Охрид.  

Кинеските делегати   беа запознати  со културните и природни вредности на Охрид како и со охридското историско, духовно и културно наследство а беа  информирани и за субвенциите што Владата на Република Македонија ги дава на странските гости кои континуирано повеќе од три дена престојуваат во Македонија. Од страна на  домаќините од Кина  беше покажан интерес за соработка на ова поле и договорено е преку амбасадата на Република Кина заедно со Локалната самоуправа да се организира групна презентација на туристичката понуда на Охрид за кинеските тур- оператори и новинари што би се случила на  почетокот на наредната година.

Градот Шенжен е со популација од 15 милиони жители и е еден од четирите најголеми градови пристаништа во светот.

{loadposition content9}