Skip to main content

Наскоро Oхрид ќе добие спортски терен со вештачка трева

Со забрзано темпо се одвиваат активностите кои се однесуваат на теренот за фудбал на вештачка трева при СРЦ “Билјанини извори“. Во тек е поставувањето на вештачката трева на веќе подготвената подлога.

 |  Голабовски Крсте  | 
teren
терен

Со забрзано темпо се одвиваат активностите кои се однесуваат на теренот за фудбал на вештачка трева при СРЦ “Билјанини извори“.
Во тек е поставувањето на вештачката трева на веќе подготвената подлога.

terenПаралелно со поставувањето на слоевите со вештачка трева се нанесува и специјален гранулат со цел нанесената вештачка трева да го добие посакуваниот изглед и содржина.

Покрј вештачка трева се поставува и заштитната ограда по должината на целиот стадион во предвидените димензии,а екипи на охридските јавни претпријатија поставуваат рабници и бехатон плочки на местата за маркирање на граничниот појас помеѓу стадионот и останатата површина.
Деновиве ЈП Охридски Комуналец ќе започне со чистење на тревните површини околу стадионот,со што целиот градежен зафат треба да финишира.Како што е веќе познато,теренот на вештачка трева е донација од Европската куќа на фудбалот УЕФА,а за сите пропратни активности на и околу теренот финансиските и градежните обврски се на товар на Општина Охрид.

По реализацијата на проектот, Охрид ќе го има најсовремениот фудбалски терен на вештачка трева кој ќе биде можност за развивање на спортски туризам и подготовки на голем број, пред се фудбалски екипи во зимскиот и летниот припремен период.

{loadposition content9}