„Струшко поле“ тоне во вода
Обилните врнежи од дожд и затворените канали, плодната површина ќе ја претворат во езеро.
полавена нива
Експертите предупредуваат, во моментот блатото е најмалку добредојдено.
Струшко поле се претвара во блато. Обилните врнежи од дожд речиси му ја вратија судбината на таканаречениот „Струшки Комбинат“. Исто како пред 50-тина години, мали езерца распространети по целата плодна површина. На овој начин во минатото „Струшко поле“ полека се претвори во блато, раскажуваат повозрасните граѓани. Доколку во наредниот период, врнежите од дожд се обилни, тогаш состојбата станува загрижувачка, предупредуваат стручните лица. Тие укажуваат оти во моментов, блатото е најмалку добредојдено.
Во моментов, површината во „Струшко поле“ речиси повеќе од половина и да не е плодна. Тоа е како резултат на водата која е насобрана во него и нанесува штета на засеаната плодна површина. Влијае негативно за развојот на растенијата, заостанува растот, квалитетот на приносот е лош и намален, алармираат експертите.
„Струшко поле“ е полавено, пред се како резултат на затворените канали. Во поголем мера тоа го прават сопствениците на земјиштето, кои истото го заоруваат за да добијат на површина, велат нашите соговорници. Водата е насобрана по полето бидејќи 90% од каналските мрежи се запушени. Речиси сите канали кои го заобиколуваат полето се затрупани со израсната вегетација и отпадоци. За да се решат овие проблеми никој од надлежните не превзема мерки, додаваат нашите соговорници. Од Дирекцијата за заштита и спасување при општина Струга велат дека состојбата со „Струшко поле“ не е алармантна но загрижувачка, поради неисчистените канали. Од таму кажуваат оти последно акција за чистење на поголемите канали извршиле пре две години.
Од дирекцијата уште потенцираа дека тие немаат обврска за редовно чистење и одржување на каналите, и дека тоа го прават интервентно.

{loadposition content9}