СВР Охрид постави пристапна рампа за лицата со посебни потреби
Секторот за внатрешни работи Охрид деновиве постави пристапна рампа за лицата со посебни потреби.
Секторот за внатрешни работи Охрид деновиве постави пристапна рампа за лицата со посебни потреби.
„Целта е да се обезбеди еднакво право за пристап и еднаква можност за достапност и контакт на лицата со посебни потреби со полициските службеници, навремено излегување во пресрет на нивните барања, потреби но и решавање на одредени проблеми од безбедносен аспект. На овој начин СВР Охрид како сервис на граѓаните практично ја покажа отвореноста и кон лицата со посебни потреби со што настојуваме оваа категорија наши сограѓани, службата да ја почувствуваат како своја и блиска. Поставувањето на пристапна рампа за непречен влез на лицата со посебни потреби во СВР Охрид е уште еден обид за неселективност кон граѓаните и доследна имплементација на заложбите за вистинско партнерство помеѓу полицијата и сите граѓани“, потенцира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Од СВР додаваат дека со поставување на пристапната рампа се зацврстуваат релациите со локалната заедница посебно со лицата со посебни потреби во насока на продлабочување на меѓусебното разбирање и почитување на нивните права за непречен пристап до институциите на системот.
{loadposition content9}