Одбери љубов! Кажи не на насилството!
Со модринки или без, тивко или гласно, често или само еднаш. Физичко, вербално, психичко, сексуално, насилството врз жената е кривично дело. Денес во ОСУ „Св Кирил и Методи“ се одржа едукативна работилница за средношколците во рамки на проектот, „Едукација и превенција“. Настанот го организира Женски Центар „Бисера“.
Насилство во охридското економско училиште. Група ученици од оваа установа денес беа сведоци на вербална расправија помеѓу нивни соученици. За среќа овој инцидент беше само симулација која пред учениците ја демонстрираа активистите од ЖЦ „Бисера“, Охрид. Препознавањето на проблемот на насилството врз жените, девојките и децата е прв чекор кон негово решавање, вели претседателот на Центарот, Наде Мартиноска. Таа нагласи дека денешната импровизирана сцена на кавга меѓу двајцата средношколци е непријатана глетка за сите, па затоа таквата појава треба да се препознае и пријави до надлежните институции. Мартиноска децидна дека постои насилство помеѓу младите во училиштата.
„Секако тоа е дел од овие насилства кои ги обработуваме, бидејќи законот важи како за семејствата така и за дечкото и девојката бидејќи санкциите важат и за нив. Постои насилство, ние имаме и примери и сознанија за такви работи во разговор со претставници од школите дека навистина постои такво насилство. И токму тоа е целта дечките да го препознаатг насилството и да го пријават“ – вели Мартиноска.
Средношколците од економското училиште знаат да препознаат насилство, следеле повеќе едукативни работилници на таа тема, но најголем дел од нив не биле во врска со насилник ниту биле сведоци на насилство меѓу нивните врсници.
„Сепак воглавно ги знаеме главните типови на насилство, особено семејното, насилство во врска, притисоците од страна на надворешните лица и сето тоа, но сепак немаме големо насилство во нашата средина“. Мислам дека во нашето училиште нема таков тип на насилство и дека воопшто нема насилство. Можеби има но јас не познавам“ изјавија анкетираните ученици.
Учениците се на возраст кога сеуште може воспитно да се делува врз нив и ваквите работилници може да се од корист, вели директорката на СОУ „Св Кирил и Методи“, Славица Костоска. Економското училиште годинава нема податоци за насилството меѓу учениците, вели Костоска, и појаснува зошто е тоа така.
„Сеуште сме нов правен субјект, секако педагошко психолошката служба од ОСУ „Св Климент Охридски“ во чиј склоп бевме до минатата година има евиденција за работа и за случаи кај кои се јавува насилството во тесна соработка сме со Министерството за труд и социјала и социјалните грижи и со нивните стручни кадри, така да сите активности околу семејното насилство, превенцијата делување врз малдите да се избегнува тоа е во секој случај е застапена“ – потенцира Костоска.
Активистките од Бисера на 3 ти декември годинава ќе имаат уште една ваква работилница во ОСУ „Св Климент Охридски“. Од таму информираат дека превенцијата е мошне важна бидејќи истата опфаќа широк спектар на мерки, како што се програми за мирно решавање на конфликти, вреднување на принципот за еднакви права помеѓу мажите и жените, спроведување кампањи за подигнување на јавната свест за препознавање и за последиците од насилството.
{loadpsoition content9}