Google додаде нова опција за проверка на активностите
Од сега можете да проверите кои уреди се пријавени на вашиот Google account

Google неодамна додаде нова можност која им овозможува на крајните корисници да ги проверат активностите на своите google профили. Со други зборови, главната поента е можноста корисникот да може да провери кои уреди се пријавувале на нивните сметки, и исто така можат да ја проверат нивната активност, што може да биде од голема важност за вашите податоци.
За да се избегнат несакани ситуации, а сите знаеме што се случува кога некој ќе има достапност до вашиот профил, односно ако воочите некаква сомнителна активност на вашиот кориснички профил секако е препорачливо да се смени лозинката и безбедносните поставки.
Контролната страница за преглед на пријавите се наоѓа на овој линк, каде можете да ги видите сите активни уреди за вашиот профил во изминатите 28 дена како и локацијата каде што тие уреди се наоѓале.
{loadposition content9}




