Skip to main content

Рокот за субвенционирање комунални услуги завршува во петок

Заинтересираните граѓани барањата за субвенционирање на комунални услуги можат да ги поднесат заклучно со петок , 5- ти декември.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
Лого

Заинтересираните граѓани барањата за субвенционирање на комунални услуги можат да ги поднесат заклучно со петок , 5- ти декември.
грб Вкупниот износ на субвенцијата изнесува 600 денари месечно за секој корисник и ќе биде составена од четири компоненти: покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари, покривање на трошоците за одведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари и покривање на трошоците за плаќање на гробна такса – гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно субвенцијата.

Барателот на субвенција мора да е корисник на социјална помош, корисник на постојана парична помош или невработен подолго од 12 месеци. Доколку корисникот е во брак, тогаш неговиот брачен другар да е невработен. Исто така право на субвенционирање имаат  и лица кои имаат најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или челен на семејството е со инвалидитет од најмалку 70% или има тешка болест.

Подносителите на барањето за субвенционирање треба да се државјани на Република Македонија и да се жители на општина Охрид.  

{loadposition content9}