Skip to main content

Филип Србиноски добитник на наградата лидер на струката

Филип Србиноски добитник на наградата лидер на струката.

 |  Валентина Неловска  | 
diploma
diploma

Филип Србиноски со „Виенскиот начин“ на послужување ја освои наградата лидер на струката. diplomaОвој ученик од 3 година во угостителското училиште  „Ванчо Питошески“ е добитник на престижната награда  со прeзентација на своите вештини и знаења. Србиноски е меѓу ретките  ученици кои велат дека и понатака ќе се занимаваат со оваа професија. Ова  не е случај со многу негови претходни и сегашни колеги. Одбрав оваа струка да е моја професија, а најголема желба ми е да имам свој ресторан, открива младиот Србиноски.  За одржаниот натпревар во Скопје  и  наградата лидер на струката кажува дека конкуренцијата била голема. Добро бил подготвен со помош на професорката Марија Ристевска, а  и лично се залагал и се вложил во натпреварот. За натпреварот избрал и соодветно мени за послужување и ги освоил сите  максимални бодови.


diploma

„ Имав трема, почнав да сервирам, се полираше приборот. Се подготвуваше и помошната маса. Се оценуваше и личната и работната хигиена, како и на кој начинот на кој  послужуваме.  Јас послужував на Виенски начин директно од офисот , но и од помошната маса, тоа ми донесе голем број на бодови. Имав соодветна облека што не беше случај со останатите натпреваувчаи,а се оценуваше се “, раскажува Србиноски.

Професорката по практична настава Марија Ристeвска вели ќе бидеме нескромни и ќе кажеме дека  ја очекуваме оваа награда. Натпреварот се одржуваше во три фази. Првите две фази на ниво на училиштето „Ванчо Питошески“, Србиноски ги помина со максимално освоени поени и во практичниот и во теоретскиот дел, нагласува Ристевска. Самиот тој факт ни покажа  дека сме го одбрале вистинскиот човек за натпреварот лидер на струката и отидовме подготвени, а нашето училиште е соодветно опремено, додава професорката.      
 
„ Желбата на ученикот е голема, во делот на угостителството се пронаоѓа со самото доаѓање во училиштето. Многу е редовен во изведувањето и на практичната и на феријалната работа. Одбравме право лице и се надевам дека во иднина ќе најде работно место во добар хотел. Добро би било социјалните партнери  да имаат слух дека ова училиште добро работи и произведува кадри кои  треба  да се најдат во сферата на туризмот и угостителството.“, напоменува Ристевска.

Покрај овој успех  на ученикот во струката келнер, на натпреварот учествуваа и ученици од профилот готвачи. Илајс Ибраими го освои 4 -то место, додека Даниел Здравески го зазеде 7 -то место на државно ниво, под менторство на професорот Блаже Јорданоски.

{loadposition content9}