Либанонската полиција ги уапсила сопругата и еден од синовите на водачот на Исламската држава Abu Bakr al-Baghdadi.
Тие се уапсени додека ја преминувале границата помеѓу Сирија и Либанон, пишува The New York Times, но не е објавено ниту името ниту националноста на уапсената жена.
Либанонските медиуми тврдат дека апсењето е изведено во соработка со странските разузнувачки служби.
Жената е уапсена со лажен пасош, а Либанонскиот весник As-Safir јавува дека патувала заедно со еден од синовите и дека во моментот се на испрашување во просториите на Министерството за одбрана, пишува NYT.
{loadposition content9}