Skip to main content

Годишнио расте бројот на охридски двојки кои раѓаат трето дете

Годишнио  расте бројот на охридски двојки кои раѓаат трето дете.

 |  Валентина Неловска  | 
социајлно
социјално

Секоја година бројот на поднесени барања за родителски додаток расте за околу 50 нови пријави. Годинава  до центарот за социјални работи во Охрид пристигнале 310 барања, а за споредба лани бројката изнесувала 260 додека во 2012 година 200 семејства добиле трето дете и побарале додаток.  Динамиката е задоволувачка  и очекуваме овој број да се задржи и во наредниот период, нагласува директорот на Центарот за социјални работи, Екрем Каљоши. Родителскиот додаток за трето дете изнесува   8.360,00 денари а се прима  во текот на 10 години.

социјалноСлужбите се доведувани во ситуација покрај позитивните да донесуваат  и негативни решенија за родитески додаток. Сумата не е многу голема, но сепак е примамлива  за некои поради па прикажувале помал број на деца во семејството од реалниот само да го остварат ова право. Покрај ваквата појава биле одбивани барања и поради  занемарување на родителство.

„Исто така битен фактор е на родителот да не му е одземено родителското право. Децата да не се сместени во установи или во згрижувачки семејства или по друг основ да не престојуваат кај нас. Доколу е занемарено родителство на таквите лица не им се одобрува право за користење на родителски додаток“, напоменува директорот на центарот Каљоши.       

социјалноРодителскиот додаток  не може да го користат мајките кои ќе се одлучат да посвојат трето дете.  Со извештаи од гинеколког мора да докажат дека носеле и родиле трето дете. Во центарот за социјални работи за остварување на ова корисничко право пристигнуваат барања без разлика на социјалниот статус на семејствата, вели директор Каљоши. Имаат случаи кога семејства ја прекинуваат социјалната парична помош  која изнесува околу 3000 денари за да користат родителски додаток.

„ Досегашните корисници на социјална парична помош во одреден период се одлучуваат да го прекинат правото на користење на социјална парична помош поради ова ситуација раѓање на трето дете. На тие  корисници им се прекинува правото на социјална помош и почнуваат остварување на приход по овој основ “, кажува Каљоши.

Инаку, во Охрид правото на користење на родителски додаток за четврто дете,  кое по 1,5 година од донесувањето на законот се укина,  го користат 11 баратели. Тие во периодот од 15 години ќе примаат родителски додаток во висина од 11.700 денари.    

 {loadposition content9}