Skip to main content

Жестока дебата во Советот за развојните програми за 2015та година

Пресликување на развојните програми од минатата година, и недоволно информации за временската рамка за нивна реализација. Ова се дел од забелешките на опозициските советници за предлог развојните програми за 2015та година. За власта, предлог развојните програми се квалитетно разработени и ќе претрпуваат измени до нивната конечна верзија.

 |  Мишел Наумоски  | 
sovet
совет

Жестока и опширна дебата околу предлог развојните програми и нацрт фискалната стратегија на локалната за 2015та година. Советниците од редовите на опозицијата одбија да ја гласаат оваа точка на дневниот ред бидејќи според нив локалната администрација и градоначалникот направиле грешки во проектното планирање. Според Јован Стојаноски, координатор на советничката група на СДСМ, тие добиле само список со активности кои се планира да бидат извршени, но не и дефинитивна временска рамка за нејзина реализација и предвидени средства за истата.

sovetnici opozicija„Ние и во текот на дискусијата досега во изминатата година многу често споменувавме дека општинската администрација има грешки во однос на планирањето на програмските активности и ние едноставно како советници немаме комплетен увид во тоа, што, кога и како и конкретно кој ќе го извршува сето тоа, еве само како пример ако споменеме, имавме програма за заштита на животна средина која изнесуваше цела една страна, значи заради такви непотполни плански активности кои ни беа дадени, ние бевме против овие нацрт-програми кои понатака ќе следат во наредните фази од фискалното планирање, а тоа се јавните расправи, расправите со граѓаните.“-рече координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски.

За советниците од власта пак, развојните програми ќе бидат менувани и надополнувани со мислењата и предлозите и на граѓаните.

sovetnici vlast„Јас сметам дека сите тие се квалитетно изработени, ги одразуваат потребите на граѓаните на Охрид и барањата на градот. Она што значи приоритет, суштина на градот за 2015 година, знаете дека претстои процес на јавна расправа во траење од 15 дена каде се вклучуваат сите субјекти на Охрид во креирање на конечната верзија на развојните програми во која може да учествуваат буквално сите граѓани и субјекти од Охрид со свои предлози за одредени дополнувања и измени на овие развојни програми.“-вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Во текот на дискусијата на денешната седница на Советот на општина Охрид, советниците од опозицијата обвинуваа дека развојните програми се скоро идентични на оние од минатата година, односно дека се прави само пресликување на нереализираните проекти во 2014та година, тие реагираа и дека се доцни со носењето на нацрт фискалната стратегија и развојните програми.

Градоначалникот Бакрачески пак вели дека роковите ќе бидат испочитувани и дека до крајот на оваа година во рамките на предвидениот законски рок ќе биде изготвена конечната верзија на развојните програми и буџетот на општина Охрид.

{loadposition content9}