Skip to main content

Банско и Копаоник, најбарани за зимување на охриѓани, а Истанбул за најлудата ноќ

Банско, Боровец, Бугарија и Копаоник Србија, се најатрактивните скијачки центри каде охриѓани одлучиле да зимуваат. Додека пак неодоливиот Истанбул е најбараната дестинација за новогодишните празници. Охридските туристички агенции со полни раце работа и понуди за сечиј џеб.

 |  Николоска Биљана  | 
agencii
агенции

elidaБанско, Боровец, Копаоник се најбараните дестинации кои ги одбрале охриѓани за зимување. Сезоната е на прагот, а плановите на охриѓани за излез од обврски и релаксација се различни за секого, но целта е една – одмор, велат дел од охридските туристички агенции. А тука се и новогодишните празници. Пакет аранжманите за новогодишните празници се готови, има голем број понуди речиси за сите европски метрополи, за тродневен, четвородневен, петодневен аранжман со автобуски и авионски превоз, вели Елида Битрак од ТА „Елида Турс“.

„Дубаи 5 ноќи со авионски превоз и обезбедување на виза и сите пропратни работи, Кападокија Турција за Египет, Израел, крстарење со брод по медитеран и други дестинации“ – вели Битрак.

Од ТА „Фибула травел“ велат дека за новогодишните празници интересот кај охриѓани бил најголем за Истанбул. Сања Нелоска од оваа агенција нагласува годинава, охриѓани со време да си направат резервација за да ги искористат поволностите кои им ги нудат.

niceska„Пред се Истанбул и другите дестинации значи секогаш се организираат сите програми успешно , Истанбул, Виена, Прага, Будимпешта зависно кој што сака, Париз, Анталија имаме, тоа ни е нова дестинација за новогодишните праници, која исто така има интерес и за тоа“ – изјави Нелоска.

Додека пак што се однесува до аранжманите за зимскиот одмор охриѓани ќе зимуваат во земјите од соседството, како што изјави Оливера Ническа од ТА „Глобус Травел“.

„Нашите сограѓани пројавуваат најголем интерес за соседните држави Србија и Бугарија исто така голема заинтересираност има за Будимпешта Виена, Праг, неодоливиот Истамбул и на наше големо изненадување и задоволство Париз градот на светлината и љубовта“  – нагласи Ническа.

Најмал интерес кај охриѓани има за аранжманите во домашните туристички центри, како што информираа охридските туристички агенции.

{loadposition content9}