Богаташот Roger Baillon собирал вредни автомобили од 1950 до 1970 година и сакал да ги реставрира и изложи во музеј,но починал во 2004 година.
Неговиот имот во западна Франција со богатата колекција го наследил неговиот син Jacques, кој исто така починал минатата година и сѐ останало на внуците, пишува Daily Mail.
Тие не посветувале многу внимание на 60-тина зар’ѓани автомобили кои стоеле под трошната стреа, но еден ден сепак одлучиле да повикаат експерти да видат колку тоа вреди или дали воопшто нешто вреди.
Оваа работа ја прифатиле Mathieu Lamoure и Pierre Novikoff, кој тажно ги гледале пропаднатите автомобили од кои повеќето не можат да се реставрираат. Но, кога отвориле една гаража во подобра состојба тие не можеле да дојдат до здив кога виделе што има внатре.
“Под куп стари весници беше Ferrari 250GT SWB California Spyder. Вреди милиони. Станува збор за вреден модел од кои се произведени само 37. До него стоеше Maserati A6G 2000 Sport Frua, кои Италијанците го направиле во само три примероци. Не можевме да поверуваме”, рекол Lamoure, кој со колегата ја проценил колекцијата на колу 16 милиони евра.
Помеѓу автомобилите бил и Talbot-Lago, кој бил во сопствеништво на египетскиот крал и уште неколку помалку вредни Ferrari, Bugatti, Jaguar и.т.тн. Колекцијата ќе почне да се продава на аукција на 6-ти февруари идната година.
{loadposition content9}