Тројца водечки луѓе на Ватиканската банка правеле малверзации со недвижности во сопственост на Ватикан и се обвинети за измама. Блокирани се сметки во износ од 16 милиони евра.
Ватикан има стотици милиони евра на тајни сметки, и е побогат отколку што се претставува, открил австралискиот кардинал George Pell во статијата објавена во Католичкиот Herald магазин.
Имено, се тврди дека одреден број на години корупирани лица внатре во Ватикан ги користеле тајните пари кои го избегнувале редовното сметководство, пишува International Business Times.
Но, Ватикан отсега ќе биде потранспарентен во своите финансии, рекол кардиналот Pell. Пред сè тоа го барале разни добротвори кои барале со нивните пари да се управува ефикасно и чесно, “во името на Божјото евангелие и помош на оние на кои навистина им е потребна”.
Затоа од Нова година во Ватикан ќе има посебен ревизор кој ќе биде задолжен за парите на донаторите, и тој ќе биде директно одговорен исклучително пред Папата.
Неколку дена откако е објавена статијата на кардиналот Pell, Reuters објавил дека главниот обвинител во Ватикан наредил замрзнување на банкарските сметки на поранешниот директор на Ватиканската банка, Angelo Caloiae, на извршниот директор Leli Scalleti и на адвокатот Gabriele Liuzzi, а сумата на вкупно блокирани средства изнесува 16 милиони евра. Овие три лица наводно биле поврзани со продажба на недвижности во сопственост на Ватикан и ги обвинуваат за измама. Махинациите со недвижности на папската држава ги правеле наводно од 2001 до 2008 година.
Обвинението против водечките луѓе на главната финансиска институција на Ватикан е потврда на транспарентноста и нулта толеранција спрема корупцијата, порачал Папата Фрањо.
{loadposition content9}