Експертите нѐ советуваат да заборавиме на пекарските производи од бело брашно и да преминеме на црн или р’жен леб. Но, што ако црниот леб не е навистина црн туку само обоен?
Токму тоа го прават некои пекари, известува српскиот Курир. “Лебот може да има темна боја добиена од супстанци кои не би смееле да се наоѓаат во лебот, кафето, какаото, црвеното вино и.т.н.”, рекол еден пекар за овој весник, а кој бил добро запознаен со методите на боење на лебот.
Исто така, не е секој р’жен леб навистина р’жен. Р’жен може да се нарече оној производ во кој има барем 30% р’жено брашно. За жал, откако ќе се испече лебот, не може да се одреди колку р’ж има во него.
Ако се сомневате во тоа каков леб купувате, еве неколку методи со кои можете да проверите за што точно се работи:
-ставете парче црн леб во вода; ако лебот побели, а водата потемни, тогаш знаете на што сте.
-црниот леб е тврд, збиен и има поголема влажност од белиот леб.
-црниот леб не може да биде прозрачен а ниту еластичен.
-средината на црниот леб има подлабоки пори и помал волумен.
-црниот леб мириса поинаку од белиот.
{loadposition content9}