Skip to main content

Kорупцијата е 5-ти најголем проблем за македонските граѓани

По невработеноста, сиромаштијата, ниските примања и високите цени, корупцијата е 5-ти најголем проблем за македонските граѓани, се истакнува во Извештајот за проценка на корупцијата во Македонија подготвен од МЦМС во рамки на Програмата на УСАИД за борба против корупцијата.

korupcija
корупција

korupcijaПо невработеноста, сиромаштијата, ниските примања и високите цени, корупцијата е 5-ти најголем проблем за македонските граѓани, се истакнува во Извештајот за проценка на корупцијата во Македонија подготвен од МЦМС во рамки на Програмата на УСАИД за борба против корупцијата.

Денеска во светот се одбележува Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

Статистиката вели дека во земјава секој месец се откриваат во просек по шест случаи на корупција, иако претпоставките се дека бројот на неоткриените случаи е далеку поголем.

Неофицијалните пресметки покажуваат дека само бизнис заедницата годишно издвојува по 64 милиони евра за вакви коруптивни активности, што е 0,85 проценти од годишниот БДП на Македонија. Најчесто поткуп се дава на инспекции и за градежни дозволи.
Градоначалници на општини во Македонија денеска ќе потпишат антикорупциски политики на одбележувањето на  Светскиот ден за борба со корупцијата.

{loadposition content9}