Skip to main content

Заедно против деформитетите на рбетниот столб и на стапалата кај децата

Деформитети на рбетниот столб и на стапалата се јавуват и кај децата од предучилишна возраст. Поради тоа од почетокот на наредната година во градинката„Јасна Ристеска“ ќе се спроведат систематски прегледи за рано откривање на деформитетите на мускулно- скелетниот систем. Ќе бидат прегледани и децата од шестите одделенија во основните училишта во општината од страна на дипломираниот кинезитерапевт Јован Каланоски од студио „Кинезио“. За безбеден раст на децата се залага и порталот  OhridNews кој заедно со студио „Кинезио“ ќе реализираат кампања наменета токму на овој проблем.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ucenici
ученици

Расте процентот на деформитети на рбетниот столб и на стапалата кај децата од предучилишна возраст. Причина за тоа најчесто е нивната слаба физичка активност и неправилно седење и одење ,  вели директорката на градинката „Јасна Ристеска“, Розе Костоска. После петтата година веќе може да се констатира доколку има деформитет кај некое дете, додава таа. Поради тоа од почетокот на наредната година во оваа предучилишна установа ќе спроведат систематски прегледи за рано откривање на деформитетите на мускулно- скелетниот систем.деца вежби

Се превземаат чекори зеадно со Центарот за јавно здравје и болницата Св. Еразмо во текот на второто полугодие од февруари натаму да се извршат систематски прегледи и да се утврди дали  кај овие дечиња има такви појави  како би превенирале и навреме би ги спречиле, рече Розе Костоска-директор на ЈОУГД „Јасна Ристеска“.

Дипломираниот кинезитерапевт Јован Каланоски од студио „Кинезио“ потврдува дека ситуацијата со деформитетите на скелетниот систем кај децата е алармантна. Тој кажува дека ќе бидат прегледани и децата од шестите одделенија во основните училишта во општината, на кои ќе им бидат дадени стручни совети доколку се дијагностицира некој вид деформитет.

Од прегледите извршени изминатите години, дојдовме до заклучок дека Охрид се соочува со многу сериозен проблем кај најмладите жители. Околу 80 проценти од децата имаат проблеми на мускулно скелетниот систем, кифози, сколиози, крив врат, проблеми кои се последица на недоволна физичка активност, неправилно седење, движење, но и родителско занемарување на растот и развојот на децата. Нашата свест и одговорност не ни дозволуваат да ги занемариме овие проблеми и ќе дадеме се од себе да помогнеме децата да имаат правилен раст и развој.-вели кинезитерапевтот Јован Каланоски од студиото „Кинезио“.стол за масажа

За безбеден раст на децата се залага и порталот  OhridNews кој заедно со студио „Кинезио“ ќе реализираат кампања наменета токму на овој проблем. На овој начин OhridNews  ги одбележува осумте години постоење.

Осмиот роденден го посветуваме на највредното нешто во нашето општество, децата. Како опшествено одговорен медиум не загрижуваат алармантните податоци за зголемениот број на деформитети кои се јавуваат при раст на децата. Тоа претставува сериозен проблем кој може да има далекузежни последици како врз здравјето и развојот на најмладите, така и кон севкупните општествени текови, затоа што тие се иднината на земјата, но и на економијата, која може да ја придвижат и развиваат само здрави работоспособни луѓе. На овој начин сакаме да го свртиме вниманието на севкупната јавност и одговорните во заедницата кон овој проблем, давајќи им поддршка на стручните лица од оваа област во напорите да се превенираат деформитетите кај децата во раст.-изјави Горан Момироски, главен и одговорен уредник на OhridNews.

Во рамки на кампањата, за петнаесет дечиња со најсериозни деформитети студиото „Кинезио“ и OhridNews ќе обезбедат едномесечен бесплатен третман, односно вежби и часови по корективна гимнастика.

{loadposition content9}