Оралното здравје кај децата се подобрува, но не е на задоволнително ниво
Оралното здравје кај децата се подобрува, но не е на задоволнително ниво.
Оралното здравје кај децата се подобрува, но не на задоволнително ниво, покажале резултатите од неодамна спроведената акција на превентивни стоматолошки прегледи. Од 163 прегледани деца на возраст од 6 до 10 години само 2 проценти биле без кариозни запчиња. 70 % со 1 до 2 кариозни заби, а 20 посто со повеќе од 3 кариозни заби, информира д-р Емилија Стојаноска, стоматолог од приватната ординацијата д-р Баткоски. Со превентивните прегледи било констатирано дека 43 посто од прегледамите деца се со ортодонски аномалии. Кај децата е констирано и запоставување на малечните заби, нагласува д-р Стојаноски.
д-р Вера Наумовска специјалист по детска и превентивна стоматологија, од нивната пракса пак нагласува дека е подобра ситуацијата со заштита на трајните заби.
„ Имаме голем успех посебно со залевањето на трајните заби и успехот е голем. Децата почнаа да се грижат за своето здрвје и е реткост е на 7 години , како што беше порано случај, кога сме имале вадење на 6-ки, сега веќе тоа е реткост, кажува д-р Наумовска.
За да се подигне нивото на оралното здравје кај децата волонтерите на ЦК спроведуваат низа активности.
Со најновата акција, волонтерите на Црвен крст, во рамките на активностите „Здрава насмевка – среќно детство“ планираат одржување на активности со предавања пред 6 годишни деца од руралните средини.
„Предавањата ќе се со наслов важност на трајните заби и ќе им се дадат на учениците начела за правилно одржување на оралната хигиена и здарвата храна и редовна посета на стоматолог“, напоменува волонтерот на ЦК, д-р Кристина Алоска Стојаноска.
Предавањата ќе се одржуваат во основните училишта во Пештани, Коњско, Елшани, Велгошти и Лескоец.
{loadposition content9}