Велика Британија се припрема на првото зимско невреме откако метеоролошката служба Met Office издала неколку предупредувања за создавањето на “метео бомбата” јужно од Гренланд.
Силни ветрови ќе го зафатат северот и средишниот дел на Обединетото Кралство од вторник навечер до четврток наутро, наведува Met Office, кој издал жолто предупредување за средишниот дел и северот од земјата а портокалово за Шкотска.
Met Office предвидува бури со јачина од околу 120 km/h а можни се и врнежи од снег.
Таа служба објавила и сателитски снимки од “метео бомбата”, односно подрачја на многу низок воздушен притисок, кој се создава јужно од Гренланд, а предупредувањето дошло во време кога во Велика Британија почнуваат зимски температури, на крајот од изнимно благата есен.
{loadposition content9}