Skip to main content

Згаснат Pirate Bay, најпопуларниот torrent сервис

Покрај самата страница згаснати се и Suprbay.com, Bayimg.com и Postebay.net

 |  инфодеск  | 

Pirate Bay, популарниот сервис за споделување на torrent датотеки е згаснат за време на рацијата на шведската полиција која ги заплени серверите и комјутерите, јавува Wired.

Полицијата во Стокхолм наводно упаднала во собата со сервери на популарниот сервис и така уште еднаш ја згасна популарната страница на која милиони посетители секојдневно превземаа нови филмски, телевизиски и музички содржини. Покрај самата страница згаснати се и Suprbay.com, Bayimg.com и Postebay.net

Спрема пишувањата на Torrent Freak, Pirate Bay не бил единствената цел па така од вчера поради повреда на авторските права недостапни се и други сервиси за споделување на датотеки како што се EZTV, Zoink и Torrage.

Pirate bay е покренат во 2003 година, а сѐ досега опстана и покрај напорите на владите, антипиратските групи и музичката и филмска индустрија.

{loadposition content9}