Skip to main content

Превентивната функција e новиот лик и имиџ на полицијата

Превентивната функција e новиот лик и новиот имиџ на полицијата во демократските општества и претставува врв на полициските приоритети.

 |  Голабовски Крсте  | 
prevencija
превенција

Превентивната функција e новиот лик и новиот имиџ на полицијата во демократските општества и претставува врв на полициските приоритети.

превенцијаВо основата на превентивното работење лежи потребата од дијалог на полициските службеници и граѓаните, со цел лоцирање и идентификување на безбедносните проблеми во локалната заедница и изградба на заеднички ефикасен систем за заштита од криминало. Ова, меѓудругото го рече началникот на СВР Охрид Зоран Сарафилоски, на вчерашната работна средба по повод одбележувањето на 9 декември денот на превенцијата и денот на превентивното полициско работење.

Во своето пригодно обраќање, заменикот градоначалник Ангел Јанев рече дека концептот на превентивната работа значи спроведување на законот врз база на проекти и програми за соработка и дека локалната самоуправа во годинава била партнер на СВР Охрид во реализација на повеќе проектни програми со што и општината станува активен чинител во подобрувањето на безбедноста во градот.

Превентивното работење е обид за градење на партнерство со граѓаните во решавањето на локалните безбедносни проблеми и изнаоѓање на најдобри решенија со кои ќе се намали стапката на криминалитетот, ќе се спречат штетните последици по граѓаните и општеството а воедно ќе се подобри целокупната безбедносна   состојба.

{loadposition content9}