Skip to main content

Охридското езеро се загадува кај Поградец, јавуваат албанските медиуми

 Охридското езеро се загадува кај Поградец, јавуваат албанските медиуми.

 |  Валентина Неловска  | 
ohridsko ezero
ohridsko ezero


Отпадни води, канализација, фосфати и разни хемикалии се влеваат во водите во Охридското езеро кај Поградец и го загадуваат, јавуваат албанските медиуми. Ваквата состојба се заканува да ја уништи флората и фауната алармираат медиумите од другата страна на езерото. Јавуваат и за високо присуство на фосфати и други загадувачки материи кои се причина  локлансиет власти да реагираат на заканата од уништување на рибниот фонд.

ohridsko ezero

Дејан  Паноски од Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро  за ваквите јавувања на албанските медуими вели дека треба да се почекаат официјални информации од албанската страна што точно се случува. Паноски смета дека се работи за редовен проблем, а не за поголеми еколошки инциденти.
 Во оваа ситуација, она што е позитивно е што медумите и албанската јавност почнаа да реагираат посилно во насока на  заштитата на Охридското езеро.

Сензибилизацијата од албанската страна ќе придонесе за посериозен  однос околу езерото и неговата заштита, смета Паноски.

 

ohridsko ezero„ Секогаш имало моменти кога се сензибилизирала јавноста за загдувањето, но никогаш немало ситуации да е нешто алармантно и загрижувачки  или да го уништува   живиот свет во Охридското езеро. Деновиве ќе треба да се изјасни албанската страна за што точно се работи, дали или е некаква проекција или сензибилзација на јавноста по прашањето на Охридското езеро што е добра страна на целата приказна“, за ТВМ од Загреб, изјави Паноски.   

Паноски нагласува дека во Албанија постојат институции, претпријатија кои управуваат со колекторскиот систем и менаџираат со цвртиот отпад, од кои билатералниот секретаријат ќе побара информација што точно се случува кај Поградец.

 

{loadposition content9}