Skip to main content

Охриѓани чекаат попусти за да купуваат

Првиот бран на намалување на цените во некои трговски дуќани во Охрид е веќе почнат, додека пак дел од охридските трговци го чекаат вториот бран на топење на цената, кон крајот на зимскат сезона. На некои излози веќе е истакнато дека има попусти од 20, 30, и 50 отсто но ретко кој од купувачите верува во нив.

 |  Николоска Биљана  | 
popusti
попусти

popustiПразничната потрошувачка еуфорија тешко ги зафаќа и продавачите и купувачите. Најголем дел од излозите на бутиците и продавниците  се или скромно или воопшто не се украсени во новогодишен дух. Многу е мал бројот на трговци кои со налепници на излозите маркирале новогодишни попусти од „-20 %“ „-30 %“, „-50 %“. Дел од граѓаните сметаат дека цените се превисоки и дека газдите на дуќаните не го користат периодот на празнична потрошувачка треска со намаленија да ги привлечат потрошувачите.

„Да ги чекаме само ќе видиме во стварност колку е попуштено. Во некои продавници има попуст но не во сите. Од една страна кажуваат има 40- 50% поуст а од друга страна пак истото е. Нема реални попусти надуени се цените, после малку ги снижуваат. Не купувам на попуст и не сум приметила дека ги има – велат граѓаните.

popustiОхридските трговци велат дека имаат поголема посетеност за време на празниците кога имаат акции со намалени цени. Секогаш има такви кои се обидуваат со маркетиншки трикови за новогодишен, празничен, сезонски или било каков друг попуст или распродажба да ги намамат купувачите но има и чесни исклучоци.

„Во нашиот бутик попустите се реални имаме попусти секогаш а крајот од сезоната, попустите се од 20 до 60% меѓутоа во текот на годината имаме и парцијални попусти на некои производи имаме континуирано прифативи намалени цени да можат сите купувачи да бидат задоволни“ – изјави Светлана Калачоска од бутикот Ла Гараж.

Од брендот Нептун велат дека празничните попусти popustiкај нив се веќе започнати а со нив опфатен е целиот асортиман. Додаваат дека ги запазуваат сите правила кои важат при попусти, робата да биде јасно издвоена, означена дека е на попуст со соодветно обележана цена.

„Сите артикли што се ставени на попуст се обележани, означени кој артикал е на попуст дали со прецртана цена или со изложен поголем куп на апарати воглавно се добро обележани означени“ – нагласи Никола Крстаноски шеф на продавницата Нептун, Охрид.

Од организацијата за заштита на потрошувачите редовно пред Новогодишните празнувања кога и најмногу се купува ги предупредуваат потрошувачите да внимаваат на лажните попусти.  Ако некој потрошувач смета дека бил излажан во смисла на одобрениот попуст, тогаш за тоа може да се пожали или во Државниот пазарен инспекторат или пак кај локалната организација на потрошувачи.

{loadposition content9}