Словенечкиот авиопревозник Adria Airways продаде два авиони од својата флота и така ја осигура својата ликвидност во зимските месеци избегнувајќи можен стечај, пишува љубљанскиот дневен весник Dnevnik.
Надзорниот одбор на компанијата прво не се сложил со управниот одбор и нивниот предлог за продажба на два авиони од типот CRJ900, но потоа се сложил имајќи во предвид дека Adria Airways повеќе не може да смета на докапитализација од државата која е нејзин 70% сопственик.
Весникот наведува дека со продажбата се сложил и Словенечкиот државен холдинг (SDH) кој управува со портфолиото на државниот имот бидејќи на компанијата ѝ претел стечај, а сега се зголеми нивото на капитал, избегната е неликвидноста и го намалила долгот спрема банките.
По продажбата на двата авиони од својата флота Adria Airways останува само со два помали воздухоплови во своја сопственост, од кои еден ќе мора на пролет да оди на ремонт. Компанијата минатата година исто така продаде два авиони, хангар и терминал и на тој начин значително го намали својот имот, пишува весникот.
Adria Airways последните години работи со загуби неуспевајќи да најде стратешки партнер на кој би го потпрела своето работење, а од минатата година е ставена на листата од 15 компании и банки во државна сопственост кои треба да се продадат. Почетокот на постапката за приватизацијата на компанијата неодамна повторно е одложена за почеток на идната година, но прашање е колку ќе биде успешна бидејќи прав интерес помеѓу инвеститорите нема, пишува Dnevnik.
{loadposition content9}