Skip to main content

Вредна донација од Швајцарија доби пожарна Охрид

Денес во Територијалната Противпожарна Единица стигна донација од Швајцарија, вредна околу 40 илјади евра. Охридските пожарникари добија лична заштитна опрема, односно интервентни одела кои ќе ги штитат при делување на пожар.

 |  Николоска Биљана  | 
pozarna
пожарна

pozarnaПротивпожарна опрема од Швајцарија доби Охридската Територијална против пожарна единица. Станува збор за донација вредна околу 40 илјади евра, добиена преку посредство на Лазо Јованоски и неговиот зет Хуан Карлос Леон кој бил командир на Пожарната единица во Лутербах.Опремата  многу ќе ја подобри работата и успешноста на нашите пожарникари, во справување со пожарите, изјави заменик командирот Горан Маркоски.

„13 комбелезони за заштита од пожар, 32 пара интервентна униформа, 19 противпожарни пожари 56 работни комбелезони, 5 јакни за раководителите на смени 37 пара наркавици за заштита од пожар – вели Маркоски.

Лазо Јованоски, охриѓанецот кој издејствувал да се реализира донацијата, на охридските пожарникари им порача, опремата  помалку да ја служат, бидејќи никој не сака да ни се случуваат пожари.

pozarna„Оваа донација испадна сосема спонтно, без никакви планирања зетот во Швајцарија беше командир на пожарната единица во Лутербах и така при една посета пред две години дојдовме до разговор рече имаме роба за расходовање дали би можеле некаде вие во Македониај да ја употребите. Така после тоа јас прашав во ППЕ Охрид и еве опремата стигна“ – вели Јованоски.

Благодарност за опремата изрази и командирот на ТППЕ Спасе Прентоски. Тој нагласи дека секоја донација која е од нивната бранша била добредојдена, а посебно онаа која им е приоритет.

„Во очекување сме ако е можно да се донесат противпожарни црева, малзници и друга опрема за која што сметам дека во Швајцарија таа опрема која што се расходова е далеку поквалитетна од многу дистрибутери кој што во Македонија во прва фаза ни ја доставуваат како нова“  – нагласи Прентоски.

Охридските пожарникари беа задоволни од опремата која ја добија, бидејќи како што кажаа истата ќе им биде потребна во летниот период при извршување на интервенции.

{loadposition content9}