Профилираните кадри од угостителството не работат по струка
Добар дел од квалитетните кадри кои излегуваат од стручните образовни институции за туризам и угостителство во потрага по заработувачка заминуваат во странство. Од агенцијата за вработување сметаат дека во Македонија има добри услови за работа и заработувачка во туристичко угостителскиот сектор. Младите треба да се мотивираат да работат во струката затоа што тие кадри во следните години ќе бидат барани, вели директорот на агенцијата.
Профилираните квалитетни кадри кои што излегуваат од ФТУ како и од охридското средно угостителско училиште, во потрага по брза заработка за време на летната сезона, ги одминуваат охридските хотелско угостителски објекти. Најатрактивни за нив се работните позиции во туристичките места на крајбрежјето на Егејско и Јадранско Море. Голем дел од нив по завршеното стручно образование воопшто не планираат да работат во струката за која стекнале диплома. Недостатокот од кадар угостителите го надополнуваат со сезонски работници. Охридскиот угостител Љупчо Патче смета дека тоа е сосема погрешно.
„Во последно време се рекламира средното угостителско училиште и барем кај мене нема некој дојдено на пракса, доаѓаат повеќе од надвор на лето да си го поминат одморот и ако може некој динар да извади неможи еден работник во угостителство да се капи на плажа 8 сати на 30 степени и ќе е нервозен и пред гостите. Досега за 20 години дошле 3-4 дечиња дошле кај мене што навистина вредат да ги задржиш да работат но сите кои одат на брод кој Германија, кој Швајцарија но таквите луѓе секаде можат да најдат работа“ – вели Патче.
Од Агенцијата за вработување на РМ не негираат дека од година во година на пазарот на трудот има се помалку специјализирани кадри од областа на туризмот и угостителството.
„Ние го знаеме проблемот бидејќи голем дел од оние што се квалитетни кадри во туристичко угостителскиот сектор заминуваат надвор, дали одат на брод или во некои ресорти каде што се добро платени. Но во Рмакедонија платите се покачија значи има квалитетна плата, заработувачка и услолви за работа, сега само треба да се мотивираат невработените или идните студенти или оние кои се запишуваат во техничките училишта да изберат образование кое што им прилега и она што се бара, како што кажав, доколку се бараат келнери, гастрономи, готвачи, да одат на тоа, бидејќи наредните 5-6 години ќе бидат најбарани и ќе имаат можност по завршувањето да бидат вработени“.
Попоски смета дека работодавачите треба повеќе да ангажираат млади луѓе на практична работа со цел да се мотивираат да покажат дека она што го научиле од теоријата можат успешно да го применат и да се пронајдат во струката. Од статистичките податоци со кои располага Агенцијата за вработување дури 60% од практикантите се вработувале.
{loadposition content9}