Facebook ја сметаат за најпожелна компанија за работа, но многумина би се изненадиле кога во рацете на најдобрите инженери наместо iPhone6, Galaxy S5, HTC One M8 или некој друг топ модел, ќе видат стари и евтини телефони на преклопување од минатото десетлетие и кога ќе чујат дека вработените се жалат на спориот интернет.
Имено, во оваа компанија е направена специјална лабораторија во која се користат евтини модели на андроид и телефони на преклопување во кои интернетот е спор. На овој начин Facebook сака да направи услови слични на оние, на пример, во руралните делови на Индија каде луѓето користат евтини телефони и каде е лимитирана поврзаноста со интернет.
Во разговор за тоа Zuckerberg рекол дека на овој начин сакаат да ја увидат ситуацијата и условите кои владеат во тие подрачја и верува дека тоа ќе им помогне на корисниците во земјите во развој да го подобрат користењето на неговата мрежа.
Освен вработените на Facebook тие ги повикале и вработените од другите компании како што е eBay и Apple да ја испробаат нивната апликација на евтини телефони и да увидат и тие дека во такви услови ништо не работи.
Мотивот на Zuckerberg за понатамошен развој на иницијативата internet.org е да овозможи пристап на интернет насекаде во светот, а неодамна Facebook издаде апликации во Замбија и Танзанија со содржина како што е Wikipedia, пребарувачот на Google и временска прогноза кои се бесплатни за користење, а во иднина таква бесплатна содржина ќе биде достапна до повеќе луѓе.
{loadposition content9}