Во Охрид се намалува злоупотребата на пиротехнички средства
Во Охрид се намалуваат пиротехнички средства.
Повреди на очи, откинување на дел од прсти, сериозни повреди на рацете, но и други делови од телото најчесто се добиваат од употреба на пиротехнички средства. За да се спречат вакви слични повреди, од СВР Охрид од отсекот за превенција, спроведуваат и оваа година трибини низ училиштата. Целта е да се подигне јавната свест за злоупотребата на пиротехничките средства за време на Новогодишните и Божиќните празници, напоменува Живорад Савиќ од отсекот за превенција. Савиќ напоменува дека се предупредуваат децата да не се користат во затворен простор како што се влезовите од зградите, болниците и училиштата. Никако да не се засилуваат пиротехничкиет средства затоа што тие се и најопаснии и се добиваат серизони повреди.
„Мотото е биди ѕвезда не фрлај петарди, настојуваме да ја смениме свеста кај децата дека е ѕвеза оној кој ќе се воздржи, а не кој ќе вознемирува и ќе ја загрозува безбедноста“, информира Савиќ.
Во престрет на Новогодишните празници годинава во овој проект покрај образовните центри се вклучува и ОО на ЦК Охрид. Акцијата за спречување на употерба на пиротехнички средства се спроведува од 2008 година и веќе дава позитивни ефекти, велат од СВР. Напоменуваат дека нивната пракса покажува тенденција на намалување на пиротехнички средства, а потсетуваат и на поголеми количини запленета нелегална продажба на пиротехника.. Покрај ова се делува во училштата, се апелира до родителите за можните злопуотреби,а казнените одредби од законот се последниот чекор после сите применети превентивни мерки, напоменува и портпролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
„ Целта е со казнените одредби да се делува врз децата, но и врз родителите. Тие се главен фактор кој треба да делуваат едукативно кон своите деца и заедно ние и тие да придонесеме за оваа година да имаме смален број на петарди и други пиротехнички средства за врема на престојните празници,“вели Димоски.
Како највиновни кои на децат им купуваaт пиротехнички средства од полицијата ги посочуваат дедовците.Тие им купуваат пиротехника на внуците, па така може да се случи наместо да ги израдуваат сериозно да го загрозат нивното здравје.
Инаку, лани, полициските службеници во Охрид и Струга проншле 11.212 петарди и други пиротехнички средства наменети за понатамошна продажба. Биле пронајдени на градскиот пазар во Струга, околу магацини и тезги каде се чува и продава овошје. Околу 7000 различни пиротехнички средства, биле пронајдени и во селото Лескоец при претрес во магацински простор од кафетерија, соопштуваат од СВР.
{loadposition content9}