„Јахја Кемал“ стипендира десет ученици
Десет ученици кои на натпреварот за стипендија по англиски јазик организиран од приватното средно училиште „Јахја Кемал” имаа најдобри резултати, добиваат право да се запишат во училиштето без полагање на приемен испит,а се намалува и стипендијата за школување.
Училиштето „Јахја Кемал” од Струга по деветти пат беше домаќин на натпреварот за стипендија по англиски јазик. На натпреварот учествуваа 229 натпреварувачи од општина Струга, Охрид , Вевчани, , Дебрца, Дебар, Ресен , Кичево, Демир Хисар и Пласница. На првите тројца ученици им беа доделени награди и сертификати:
а) прво место 5000 денари
б) второ место 3000 денари
в) трето место 2000 денари
Соодветно наградени беа и менторите на учениците. Учениците од 1 до 25 место , добиваат право директно да се запишат во ПСУ „Јахја Кемал” без полагање на приемен испит. Првите 10 ученици добиваат право да се запишат во училиштето без полагање на приемен испит како и стипендија за школување.
{loadposition content9}