Каква ќе е судбината на дрвените унифицирани куќарки, кои минатата година беа поставени околу лизгалиштето?
Унифицираните куќарки засега лоцирани во градските гробишта.
Досега сеуште нема никаква информација за шесте унифицирани куќарки кои минатата година беа поставени на големиот градски плоштад околу лизгалиштето. На нив минатата година се продаваа суверини, греено вино и слатки. Годинава нив сеуште ги нема на градскиот плоштад. Засега барем четири од шесте куќарки се наоѓаат на градските гробишта каде служат за продавање на цвеќе и свеќи. Денес побаравме информација од локалната самоуправа за тоа дали овие куќарки повторно ќе бидат поставени на истата локација како минатата година, или на некоја друга, што ќе се продава на нив и колку заинтересираните би плаќале за да ги користат истите. Од таму ни кажаа дека со повеќе детали ќе излезат на прес конференција која ќе се случи во текот на неделава. Па се чини дека во наредните денови ќе дознаеме каква ќе биде празничната слика на големиот градски плоштад.
{loadposition content9}