За градоначалничката фотеља на Струга ќе се борат 4 кандидати
Избраникот на Вмро Дпмне очекува граѓаните да го прифатат како струшки Обама.
Славко Котески
Избраникот на Вмро Дпмне очекува граѓаните да го прифатат како струшки Обама. Актуелниот, Рамиз Мерко со чист образ, по втор пат, ја бара довербата на стржани.
Кој ќе седне на челната фотеља на град Струга. Оваа е темата на која деновиве интензивно се дискутира. Иако граѓаните велат дека веќе имаат кренато раце од тоа кој ќе биде градоначалник на Струга, сепак имаат свои видувања, кои критериуми треба да ги исполнува секој кандидат. Скромни се во условите кои ги поставуваат за идниот челник на општината.
Досега, официјално се знаат само 4 кандидати кои ќе се тркаат за да застанат на челната позиција. Уште еден круг ќе трча актуелниот градоначалник, Рамиз Мерко, претставник на Демократската унија за интеграција. ДПА настапува со кандидатот, Менди Кура, ВМРО ДПМНЕ оди со претседателот на општинскиот комитет на Струга, Славко Котески, додека Фијат Цаноски ќе ги брани боите на ПЕИ.
Со чист образ излегувам на претстојните избори, вели актуелниот градоначалник Рамиз Мерко. Во мандадот што истекува работев во корист на градот и создадов нова клима за живеење, додава Мерко. Цело време приоритет ми беа интересите на сите граѓани, без разлика на партиската или националната припадност, додава градоначалникот. Затоа се надева на уште еден мандат.
Кандидадот за градоначалнико од ВМРО ДПМНЕ пак вели, време е да свртиме нов лист. На Струга очајно и се неопходни нови промени. Себеси се смета за соодветна личност која може да го направи тоа.
Котески верува дека на претстојните избори ќе ја добие довербата од сите граѓани. Тој јавно им се заблагодари на членовите на СДСМ, бидејќи се придржале на ветувањето дека нема да истакнат свој кандидат за градоначалник.
Инаку ТВМ се обиде да стапи во контакт и со другите двајца кандидати, но не успеа. Се надеваме дека во следни изданија на дневникот ќе ја слушнеме и нивната визија за иднината на Струга.

{loadposition content9}