Skip to main content

Охриѓанецот Чеди Осман атакува на титулата најдобар млад европски кошаркар

Охриѓанецот Чеди Осман беше МВП (најкорисен играч) во финалниот кошаркарски натпревар на турнирот во Искар (Шпанија).

 |  Голабовски Крсте  | 
Cedi osman
Чеди Осман

Cedi osmanОхриѓанецот Чеди Осман беше МВП (најкорисен играч) во финалниот кошаркарски натпревар на турнирот во Искар (Шпанија). 19-годишниот кошаркар, кој родум е охриѓанец исто така  заедно со уште девет кошаркари од стариот континент е во потесниот избор за најдобар кошаркар во Европа во младинска конкуренција. пренесува „Спортмедиа“.
Осман како член на турската репрезентација под 16 години го совлада домаќинот Шпанија со 90-86. Осман мечот го заврши со 27 поени и два скока. Во текот на првенството тој имаше просечно (12,8 поени, 2,5 скока, 1,8 асистенција, 1,8 украдена топка).

Охриѓанецот, кој игра на позициите „еден“ или „два“, е висок 195 сантиметри и е член на подмладокот на Ефес Пилсен повеќе од две години.

Веднаш по доаѓањето во тимот добил турско државјанство и станал дел од селекцијата до 16 години, која налето ќе игра на европскиот шампионат, дивизија А.

Постариот брат на Чеди, Цанер, пак, е дел од македонската репрезентација за кошаркари под 20 години.

{loadposition content9}