Локалната ќе распишува трет тендер за јавно приватно партнерство за изградба на современ градски пазар
Локалната не се откажува од реализација на проектот за изградба на современ градски пазар. По пропaѓањето на вториот тендер ќе распишува и трет , но ќе се запазува интересот на општината.
Локалната ќе распишува трет тендер за јавно приватно партнерство за изградба на современ градски пазар. По пропаѓањето на вториот повик општината планира да ја измени физибилити студијата и проектната документација во консултација со стручните служби, но и со амин од Советот на Општина Охрид се со цел конечно да се најде партнер кој ќе инвестира во овој капитален проект.
Јас сум уверен дека ќе успееме да најдеме партнер, но секако како одговорна локална власт доколку не најдеме партнер под оние услови кои ќе ги зацртаме и доколку физибилити студијата не покаже дека влегувањето во ЈПП е во интерес на Охрид тогаш ќе пристапиме кон друга форма на реализација на овој проект, рече градоначалникот Никола Бакрачески.
Бакрачески потенцираше дека инсинуациите на опозицијата дека тендерите пропаѓаат бидејќи локалната прави простор за некој близок до централната власт да го добие тендерот се покажале како неточни.
Видовте дека тоа се дневно политички манипулации и игри на опозицијата без да се има концепт и без сериозно да се пристапи кон разгледување на целокупната документација на можните начини на реализација на еден проект од големо значење за град Охрид, рече градоначалникот.
Градоначалникот вети дека овој капитален проект ќе биде реализиран до крајот на неговиот мандат.
{loadposition content9}