Skip to main content

Наскоро ќе се знае кој ќе постави лизгалиште на охридскиот плоштад

Наскоро ќе се знае кој ќе постави лизгалиште на охридскиот плоштад.

 |  Валентина Неловска  | 
лизгалиште
лизгалиште

За помалку од една седмица ќе се знае кој ќе стопанисува со лизгалиште на плоштадот. Локалната самоуправа годинава објави оглас за издавање на 300 м2 јавна површина,  на која треба да се постави лизгалиштето.  Лани проектот лизгалиште во јавноста  подигна многу прашина. Овој пат, Советникот од опозицијата Дејан Блажески на новата процедура и објавениот тендер гледа со одобрување.
лизгалиште
„ Интересен момент е тоа што се промена од лани дo годинава, за годинава, да има вака процедура  пологична  за мене, во формите на правилата и прописите, за разлика од лани кога постојано жонглиравме урбана опрема или не“, укажува Блажески.  

Од друга страна пак, секретарот Димитар Спасеки кажува дека преку ТЛЕР и годинава се обиделе по иста процедура да најдат партнер да стопанисува со лизгалиштето, под истите услови како и лани, но обидот пропаднал. Сега одат со план Б,  објава на јавен повик.

„Ние, затоа што е подобро варијанта од објавување на јавен оглас, пробавме да ја реалзираме таа идеја на тој начин,  но од Тлер не известија  дека не може да најдат компанија заинтерсирана да работи под истите услови како и лани, да плаќа комунална такса, електрична  енергија како обврска на фирмата, и заради тоа преминавме на план Б и објавивме јавен оглас за што поголема транспарентност на овој проек“, вели Спасески.  
лизгалиште

Во врска со можноста која уште лани беше најавена како опција, локалната да ја купи опремата и сама да стопанисува со лизгалиштето, Спасеки со одговор дека општината е финансиски презадолжена и не може да си го дозволи тоа. Електричните инсталации кои лани беа трајно поставени за потребите на лизгалиштето, не се залуден трошок, категоричен Секретарот.

Инсталациите се неопходни за довод на електрична енергија за бини и озвучување на разни настани на плоштадот.

 

{loadposition content9}