ФИФА одбива да ја објави за јавност истрагата за корупција
ФИФА ја обила жалбата на иследникот Michael Garcia
Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја одбила жалбата на иследникот Michael Garcia на извештајот на Етичката комисија, со која Русија и Катар се ослободени од обвиненијата за корупција при изборот за домаќин на светските првенства во 2018 и 2022 година, оценувајќи ја за неприфатлива.
Michael Garcia спроведе опсежна истрага за можни коруптивни работи во процесот на изборот на Русија и Катар за домаќини на светските првенства во 2018 и 2022 година, и објавил извештај на 430 страници кој заврши пред Етичката комисија со која претседавал судијата Hans-Joachim Eckert.
Eckert одлучил понатамошната истрага за тој случај да се запре, поради тоа што спрема неговите наводи извештајот на Garcia не докажал дека се работи за злоупотреба на положба и дека ништо не влијаело на интегритетот на гласањето на извршниот одбор на ФИФА во 2010 година.
Garcia, пак тврди дека неговиот извештај е погрешно протолкуван од страна на судијата Eckart и бара целата содржина на извештајот да се објави, што ФИФА досега одбиваше да го направи.
Комисијата за жалби на ФИФА утврдила дека одлуката на Eckart не содржи никакво правно обврзување и на него не е можно да се поднесе жалба. “Во извештајот не се споменуваат имиња, а сите изнесени информации биле од општа природа, па со тоа не е нарушено начелото на доверливост”, се заклучува во соопштението на ФИФА.
{loadposition content9}


