Бројни аналитичари на мобилниот пазар се изненадени со огромниот успех на Xiaomi, мобилната компанија која ја нарекуваат “кинески Apple”, а која е основана во април 2010 година. Во последниот квартал на оваа година го завзеде третото место на пазарот на паметни телефони. Најголемата причина за ова е одличната одмереност со цената и квалитетот на нивните телефони – хардверски, уредите на Xiaomi можат да им конкурираат на водечките производители, но цената често е за двојно пониска во однос на конкурентските со слични перфоманси.
Од Xiaomi до сега не објавуваа информации за приходите, профитот и за оперативната маржа, а беа познати само информациите за бројот на продадени паметни телефони. Спрема информациите кои ги објавија бројни медиуми, а на новинарите од Reuters им го потврдија од Xiaomi, оваа компанија минатата година отстварила профит од 56 милиони долари. Вкупниот приход изнесувал 4,29 милијарди долари, при што оперативната маржа изнесувала само 1,8%.
“Xiaomi толку брзо расте што не би ме зачудило и да ги губат парите”, ги коментирал овие информации за Global Times аналитичарот на Forrester Research, Bryan Wang.
За споредба, во истиот период, оперативната маржа со која работел Samsung била 18,7%, додека маржата на Apple во 2013 година изнесувала дури 28,7% – овие компании заработиле десетици милијарди долари, додека Xiaomi заработил 56 милиони долари.
Сепак аналитичарите предупредуваат дека ситуацијата ќе се смени и за овие два гиганти – Samsung тоа веќе го почуствува оваа година во која забележаа големо намалување на испорачани телефони и намалување на профитот, а еден од виновниците е токму Xiaomi и слични компании чии телефони се ценовно поповолни. Xiaomi направи голем чекор напред оваа година па заработката оваа година ќе биде поголема, а Wang вели дека Xiaomi ќе влијае на целокупниот пазар бидејќи бројни компании ќе се обидат да им конкурираат со цените, што пак ќе влијае на нивните маржи, односно заработката.
{loadposition content9}