Апостолов: Дрвените куќарки ќе се постават ако има лизгалиште
Дали годинава ќе има простор на градскиот плоштад Св Климент Охридски за дрвените куќарки за продажба на производи карактеристични за новогодишните празницини, зависи од поставувањето на лизгалиштето, информираат од ТЛЕР.
Неизвесно е поставувањето на 6 те типизирани куќарки на градскиот плоштад за престојните празници. Нивната судбина зависи од тоа дали или не годинава ќе се постави лизгалиштето, како што изјави ракводителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов.
„Претпоставувам дека доколку се јават заинтересирани оператори и се постави лизгалиштето ќе се пријави интерес за поставување и на такви куќарки, се зависи од тоа дали ќе имаме поставување на лизгалиште а се разбира дека тоа понатаму ги повлекува и другите содржини кои ќе бидат околу него“ – изјави Апостолов.
Само за потсетување, минатата година во ова време, веќе беше завршена постапката за издавање под закуп и на 20 декември дрвените куќарки беа поставени. На штандовите се продаваше храна и пијалоци. Од Локаланта тогаш најавија дека типизираните тезги на кои ќе се продаваат производи карактеристични за новогодишните празници како што се варено вино, колачи и други домашни специјалитети,ќе стане дел од празничната понуда на градов.
{loadposition content9}