Трибина на СДСМ: „Заедно, од проблемите до решенијата“
Под ова мото вечерва во преполната сала на Центарот за култура Григор Прличев највисокото партиско раководство на СДСМ одржа трибина.
Прв пред охриѓани и гостите, коалиционите партнери како и членовите на извршниот одбор на Охрид и пратениците се обрати председателот на партијата Зоран Заев. Тој зборуваше за актуелните случувања во државата, за тешката економска состојба во која се наоѓаат граѓаните, но и за мерките што СДСМ ќе ги превземе доколку дојде на власт.
„Ја најави Заев бомбата и најави арггументации и докази против власта, се нема случено експлозијата, бомбардирањето е започнаот во државата.Гледате дека од сите страни се ниша власта.Ова што овие денови им се случува како инает и непопуштање, е само рефлексина на нивните лоши критики сиве овие осум години. Лесно е пред студентите да излезе и да каже попуштивме. Но не може да попушти зошто забегана е работата до крај.Уништено е образованието системски, наназад со години затоа не може да попушти.Затоа треба да знаат сите нашите ставови се. Екстерното образование ќе го укинеме нема да постои на факултетите, а ќе го укинеме и во основните и во средните училишта.Нема да постои екстерно образование, порача Заев од говорницата.
Пред присутните се обрати и заменик претседателот на партијата, Радмила Шекеринска.
Таа уште еднаш потсети колку Македонија секој ден е се подалеку од вратите на ЕУ, зборуваше за сомнителните зделки со индискиот милјардер Субрата Рој, зборуваше и за тоа дека сите граѓани во државава не се еднакви пред органите на власта потенцирајќи го тука судството и полицијата и спектакуларните апсења при тоа споменувајќи го апсењето на поранешниот градоначалник на Охрид Александар Петрески.
„Кога провиот пат дојдов во Охрид после локалните избори, некои од вас рекоа насекаде е тешко во Македонија, бидејќи изгубивме ама на некои места е потешко. Во Охрид е најтешко. И ви верувам дека е така, она што се случува сега не е само притисок не е само притисок врз малкумина, туку е притисок врз сите, како што притисокот за време на изборите беше најголем во охрид. Јас ви се поклонувам, затоа што луѓето овде издржаа вакви и поголеми притисоци“ рече Шеќеринска.
Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендароски апелираше до охриѓани да бидат сплотени како никогаш досега, бидејќи како што рече треба да се бие битка против внатрешен непријател на земјава.
„Моја проценка е дека ние мораме, во наредниве 5-6 месеци да бидемепосплотени како народ како граѓани, отколку што бевме во 91 кога ја правевме Македонија. Зошто? Затоа што тогаш Македонија, имаше многу наепријатели од надвор, кои не сакаа да ја биде современата македонска држава по прв пат во историјата. Но точно е, дека имавме и луѓе од надвор кои ни помагаа да ја устоличиме Македониската држава. Денеска пак нашиот најголем непријател се наоѓа во Скопје. Тие се најголемиот противник на македонската слобода и демократија. Тоа е Владата на Република Македонија“ рече Пендароски.
Пред своите сограѓани се обрати и охридскиот пратеник Томислав Тунтев кој ги охрабри да истраат во нивната зацртана цел. Потоа граѓаните имаа можност да прашуваат и да даваат свои сугестии околу подобрувањето на моменталната состојба во државава.
{loadposition content9}