Skip to main content

Бирото на Лихнидос ќе биде чекална

Бараката од туристичкото биро „Лихнидос“ на охридската автобуска станица деновиве се адаптира за чекална. Овој објект, општината повторно во владение му го предаде на АД „Галеб“, и според најавите на раководителот Димитар Василески за десетина дена истата ќе се користи како затворена чекална.

 |  Николоска Биљана  | 
cekalna
чекална

 

cekalnaПроблемите со кои се соочуваат патниците на меѓуградската автобуска станица во Охрид не се новост. Автобусите на зима се чекаат под ведро небо, на дожд и снег а  на лето патниците ги пече сонце. Со цел барем да се ублажат ваквите услови, охридскиот автопревозник АД „Галеб“ деновиве работи на адаптација на објект наменет за чекална. Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај секоја автобуска станица треба да има една таков соодветен простор.
 
„После извесно време што ја користеше ДОЕЛ Лихнидос, друштвото основано од општина, конечно во владение ни е вратена таа барака и таа ќе е приспособена за затворена чекална во најскор можен рок, следните десеттина дена ќе е приспособена и ќе биде користена како затворена чекална“ – вели Василески.

cekalnaСогласно Правилниците од  Министерството за транспорт и врски, чекалната за прафаќање на патниците што доаѓаат и поаѓаат од автобуската станица, треба да исполнува и определени услови. Василески кажа дека мислеле и на тоа.

„Има околу дваесеттина столчиња ќе биде загреана и сметам дека за зимскиот период ги исполнува потребите на нашата автобуска станица“ – изјави Василески.

И едно вакво решение е подобро од ништо, се додека не се изгради долго најавуваната модерна автобуска станица како што му доликува на едно туристичко место. Инаку, нова и пристојна автобуска станица според најавите на градската власт треба да се изгради во наредниве две до три години. Оваа инвестиција предвидено е да се реализира по пат на продажба на земјиштето со строго дефинирана намена. Советот веќе даде зелено светло за предлог одлуката за отуѓување на градежното неизградено земјиште на кое е предвидено да се изгради автобуската станица. Почетна цена за метар кавдратен е 3170 ден.

{loadposition content9}