Skip to main content

Апликација која сите би посакале да ја имаме

Виртуелен документ со правосилно значење

 |  инфодеск  | 

Возачите во американската сојузна држава Ајова ќе можат од следната година да користат апликација на својот мобилен телефон како официјална возачка дозвола. Овој виртуелен документ ќе биде официјално средство за идентификација секогаш кога полицијата ќе ги запре возачите.

Апликацијата ќе биде бесплатна и ќе може да се превземе на сите паметни мобилни телефони, а пристапот ќе биде овозможен само со поседување на соодветна шифра.

На оваа апликација ќе бидат прикажани истите информации кои можат да се видат и на “физичката дозвола”, а надлежните ветуваат дека целиот систем ќе биде максимално безбеден и потполно непробоен од хакерски напади.

Луѓето и понатаму ќе можат да ги користат традиционалните хартиени и пластифицирани возачки дозволи, но новите дигитални возачки дозволи се чинат поприфатливи бидејќи мнозинството луѓе мобилните телефони секогаш ги носат со себе.

{loadposition content9}