Skip to main content

Успешна деловна година на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца

Успешна деловна година на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.

 |  Јаковлева Лионела  | 
penzioneri
penzioneri

Успешна деловна 2014 година бележи  Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.  Ова беше констатирано на 9-та седница на Собранието. Во годината на заминување здруженеито се судри со блокирана сметка, водење на судски спор за пензионерскиот дом и  формирање на новото пензионерско здружение Дебрца. Раководството е задоволно од реализираната планирана програма, кажа претседателот Ѓорѓи Трпчески.   
peznioneri
„Ние најтешкиот дел го преминавме,  во од ги решававме проблемите. Не држат во заложништво,  9500 членови,  здружението на инваладиски пензионери, ја блокираа сметката, а е неосновано. Состојбата  е таква, понудивме решение. Имаме судски спор и за пензионесрскиот дом на повидок е да се разреши“, ги набројува сите проблеми Трпчески.

Кон крајот на годината се соочија и со новоформираното пензионерско здружение од Дебрца. Трпчески кажува дека оние кои сакаат може да побараат исписница од нивното за да се регистрираат во новоформираното, но досега никој  од нивните членови  не побарал да си замине од здружението. За идната година покрај бројните планови и насоки за работа во интерес на пензионерите, ги очекува и избор на ново Собрание“, нагласува Трпчески.

penzioneri

„Главен акцент се изборите и конститурирање на ново Собрание, изготвување на Програма и финаиски план и поорганзирано да настапиме во следната 2015 година“, подвлече претседателот на здружението Трпчески.

На свечената седница присуствуваа голем број  пензионери  и  гости. Врачени беа плакети и пофалници на поединци и организации  кои дале поддршка во работата на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца. 

 

{loadposition content9}