ТелевизијА ТВМ стана регионален медиум
ТВМ ТелевизијА прерасна во регионален медиум. Одлуката ја донесе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
ТВМ ТелевизијА прерасна во регионален медиум. Одлуката ја донесе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
ТелевизијА ТВМ постои веќе 22 години, години на постојан растеж. Телевизијата е од поодамна и кадровски и технички подготвена да се носи со ваков формат на регионална телевизија и всушност одлуката на Агенцијата е само една официјализација на тоа. Сепак, ова е значаен момент во развојот на медиумот и вработените во ТВМ се подготвени за новиот предизвик.
ТелевизијА ТВМ продолжува да работи според своите принципи за точно, навремено, професионално и објективно инфорање на јавноста. Адутот секогаш бил и ќе остане информативната редакција и ТВМ Дневникот, чие мото е „Вести на кои им верувате“.
Уредувачката политика на овој медиум, во основа и единствено е определена со: независно, непристрасно, објективно и навремено информирање. Никакви други лимити не постојат во уредувањето на програмата и емисиите, со оглед на желбата и определеноста да овој медиум претставува форма за презентација на богатство на ставови, мислења и програми.
Емисиите од сопствена продукција, од богатата програмска шема на телевизијата, како што се дневно информативните, политички, документарни и контактно забавни, од денес ќе бидат достапни за гледачите во поширокот регион во кој зрачи ТелевизијА ТВМ.
{loadposition content9}