Skip to main content

Објектите на некогашните охридските гиганти интересни за потенцијалните инвеститори

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо вели дека инвестициите на двете германски компании ОДВ електрик и Костал е само доказ дека потенцијалот на овие објекти е голем.

 |  Мишел Наумоски  | 
logo
лого

Отекс, Лихнида, Застава, Емо, Братство, Езерка. Ова се само дел од погоните на некогашните индустриски гиганти од градов кои се наоѓаат на регистарот на Агенцијата за странски инвестиции, а кои се нудат на потенцијалните инвеститори како можност за браунфилд инвестиции. Новонајавената инвестиција на германската компанија „Костал“, како и почнувањето со работа на ОДВ електрик исто така во постоечки објект, според директорот на дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, е само реализација на идејата за искористување на постоечките капацитети кои за жал во моментот не функционираат.

AD EMOМизо за ТВМ открива дека голем дел од потенцијалните инвеститори се интересирале и ги разгледувале просториите на овие охридски фабрики.

„Имаме видено голем број на објекти, тука се на пример објекти во ЕМО, имаат посетено објекти во АМАК, имаат посетено објекти во Лихнида и друг тип на објекти кои порано биле производствени капацитети, дел од нив се можеби пренаменети за други употреби, но сепак има можност да се користат како индустриски објекти. Охрид историски во минатото имал голема индустрија, и од гледна точка на број на вработени и различни компании кои функционирале таму, објекти во Отекс, голем број на објекти од Отекс се разгледувани од различни инвеститори.“-вели директорот на дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо.

Потенцијалот на ваквите објекти во Охрид, според Мизо е голем и најголемиот дел од заинтересираните инвеститори биле задоволни од објектите кои ги посетиле и пројавиле интерес за реализација на овие таканаречени браунфилд инвестиции.

lihnidaА за таа цел, бил изработен и регистар со сите постоечки капацитети преку кој инвеститорите полесно би се запознале со објектот за кој се заинтересирани.

„Во тој регистар, регистар кој е направен во рамки на Агенцијата за странски инвестиции во соработка со Министерството за економија, има голем број на објекти кои се на целата територија на Република Македонија, нормално тука има објекти и во охридско-струшкиот регион и она што е пресудно за странските инвеститори е да се најде соодветен објект кој може да се адаптира за нивните производствени потреби, од големината на објектите, висината, пристапот, квалитетот на изградбата на објектот, од какви материјали е изработен и она како е целиот простор организиран.“-рече Мизо.

Инаку тој информираше дека што се однесува до новонајавената инвестиција на германската компанија „Костал“ сеуште не е прецизирано во кој објект од некогашните охридски гиганти ќе бидат сместени погоните на овој инвеститор. Дополнително, оваа одлука ќе биде објавена во рок од два месеци, по што точно ќе се знае чии простории германците ќе ги пренаменат за нивната браунфилд инвестиција во градов. Новиот објект кој „Костал“ е најавено да го гради, ќе биде сместен во охридско-струшката технолошко-индустрискиска развојна зона.

{loadposition content9}