Во тек се меѓународни спасувачки напори по силен ветар и големи бранови откако избил пожар на италијански траект кој превезувал 466 патници и членови на екипажот кој патувал од Грција кон Италија, а капетанот на бродот наредил евакуација, изјавиле официјални лица.
Патниците кои ја повикале грчката телевизија дале драматични сведоштва за состојбата на бродот по избивањето на пожарот денес рано наутро додека пловел од Патрас, западна Грција кон Анкона во Италија.
“Се обидувавме да ги спуштиме чамците за спасување, но не можевме сите да се собереме во нив. Нема координација”, рекол еден патник. “Мрачно е, дното на бродот гори. Ние сме на мостот, гледаме чамец како се приближува…отворивме некои кутии и најдовме појаси за спасување, се обидуваме да се спасиме”, додал патникот.
Засега не е познато дали има жртви или патници во морето, каде овие зимски ладни денови го отежнуваат преживувањето освен ако спасувачите не се појават брзо. Првичните известувања говорат дека некои патници скокнале во морето за да се спасат од пламенот.
Траектот Norman Atlantic, во кој се 222 возила, 411 патници и 55 членови на екипажот, се наоѓал на 44 наутички миљи северозападно од островот Крф кога стигнал повикот за помош.
“Бродот е веќе евакуиран”, рекол официјален претставник за Reuters додавајќи дека 130 лица се префрлени од чамците а спасување на товарен брод кој бил во близина кога избил пожарот на траектот.
Официјалните лица изјавиле и дека во операцијата на спасување, која се спроведува во тешки временски услови, учествуваат италијанските и албанските власти.
Уште седум бродови дошле на подрачјето на кое се наоѓа траектот, а таму се пратени и спасувачки хеликоптери и авион од типот C-130 за трагање и спасување.
{loadposition content9}