Skip to main content

Судар на бродови на северот од Јадран

Спрема првите податоци членовите на екипажот се исчезнати

 |  инфодеск  | 

Трговски брод кој пловел под турско знаме доживеа бродолом на северот од Јадранското море во близина на италијанското пристаниште Равена, по сударот со друго пловило во немирното море, известуваат локалните медиуми.

Бродовите на крајбрежната стража биле на местото на несреќата и спрема првите информации членовите на екипажот на несреќниот брод се сметаат за исчезнати.

Премиерот Матео Ренци, на Twitter потврдил дека во близина на Равена имало судар во кој учествувал турскиот брод и најавил дека владата набрзо ќе излезе со нови информации.

До несреќата дошло додека Италија учествува во големата операција на спасување на патниците од траектот кој го зафати пожар во Отрантскиот канал помеѓу Грција и Италија.

{loadposition content9}