Skip to main content

Охрид парализиран од првиот снег

Охрид парализиран од првиот  снег.

 |  Јаковлева Лионела  | 
снег
снег

 

Охрид и Дебрца од снегот која синоќа интензивно паѓа се наоѓаат во сериозна ситуација. Градот остана без напојување со струја заради дефекти на два далноводи. Едниот помеѓу Ресен и Охрид, а другиот на Маврово, и двата во планински непристапни терени.
Синоќа после полноќ градот доби напојување со електрична енергија, за утрово околу 7 часот повторно напојувањето да се прекине. Околу 10 часот постепено делови од градот почнаа да добиваат електрична енергија.
снег
Од ЕВН, портпаролот Атанас Ковачески информираше дека електричното напојување ќе го пуштаат по реони, прво да се провери дали има дефекти на линиите, и ако има истите да се отранат за да се нормализира напојувањето со струја во целиот град.
Од ЈП Охридски Комуналец Елена Скрческа кажа дека на терен работат од 18 часот, ангажирани биле сите 22 возила, плус 2 возила на Проаква. Од кога ќе завршат со чистењето повторно ќе посипат сол и ризла и упати еден апел сите граѓани да си чистат пред своите домови.  А,  информациите и реакциите  од граѓаните се поинакви. Тие велат дека  првото возило за чистење на снег на Комуналец, во централното градско подрачје, односно на кружниот тек на плоштад почнало да чисти дури  во 9 часот утрово.  Револтирани граѓани утрово реагираа во ТелевизијА ТВМ на работата на екипите на јавното претпријатие Охридски Комуналец дополнително ангажирани за чистење на снегот. Дуќанџиите си исчистиле пред своите објекти, а на секое обраќање до комуналците за да се доинтервенира, односно да се собере снегот, тие дрско одговарале дека тоа не е нивна работа.
снег
Снегот направи хаос низ градските улици со паднати гранки, дрвја и кабли,  навалени бандери.
Синоќа, на пресека беше блокиран патниот правец и многу граѓани остнаа заглавени на овој планински превој. Од полиција кажаа дека нема повредени и дека граѓаните биле сместувани во приватни домови и во хотел во Кичево.
Од СВР формирале кризен штаб, меѓутоа не можеле да пријдат до проблематичното место, затоа што многу возила биле излизгани и го попречувале патот, а исто така попречување имало и од паднати дрвја.
Од кризниот штаб биле формирани 2 екипи коишто ги враќале возилата кај Ботун и кај Косел.
Од ЦУК, Митко Темелкоски информира дека состјбата полека се нормализира. Се расчистува локалната патна инфраструктура, патниот превец кон Пресека  се расчистува, сообраќајот се одвива само по една импровизирана сообраќајна лента, додека патот од Кичево кон Гостивар не е проден. Кон Битола  патниот правец е прооден со задолжителна зимска опрема. Патниот правец кон  Св. Наум не е прооден, се пристигнува само до Пештани.
Од Центарот за јавно здравје со предупредување до граѓаните, водата за пиење да се преврива пред употреба.
Утрово учениците беа вратени од настава во сите основни и средни училишта. Од Градинката Јасна Ристеска, директорката Розе Костеска не информира дека утрово примале деца, а потоа им се јавувале на родитетелите да дојдат и да си ги земат децата, бидејќи донесле одлука дека во градинките денес нема да има настава.

Затворен за сообраќај е и охридскиот аеродром Св. Апостол Павле.

Се потрудивме да добиеме одговор за состојбата во која се наоѓа градов и од МЕПСО, од „Македонија пат“, меѓутоа тие останаа недостапни за одговор.
Ги побаравме и од Кризниот штаб од Локалната самопурава но тие беа недостапни. Стапивме во контакт само со портпаролите на општината кои ни рекоа дека кризниот штаб работи и дека екипите се на терен. Единствената информација за работата на кризниот штаб е од сајтот на општината дека се на терен и дека работат.
Слична е и ситуацијата во соседна Струга, со тоа што тие вчера цел ден останаа без електрична енергија, a од општина Дебрца надлeжните не се достапни за контакт.

{loadposition content9}